Прославата на кинеската Нова година ќе биде одбележана и со низа „обичаи“ за кои се верува дека носат просперитет, односно пари, среќа и богатство. Она што го прави интересно е што секоја година се слави на различен датум.
Кинеската Нова Година го слави крајот на зимата и почетокот на пролетта, a исто така, симболизира нов почеток.
Обичаи
Главниот обичај за овој празник е дека во Кина секој се враќа во своето семејство, без разлика каде и колку далеку живеете, односно одите таму каде што е најстариот член на семејството затоа што таму е домот. Исто така, тогаш се купуваат многу подароци, се подготвува храна, се избира елегантна облека, се води сметка за декорација. Најважното јадење е рибата бидејќи се верува дека е симбол на богатство.
Прозорците и вратите се главните места каде треба да се истакне црвената декорација со теми за среќа, здравје и благосостојба, односно како да се привлечат.
Традиција е за кинеската нова година да се разбираш со сите, да нема кавги и да се дочека во мир. Нема чистење и средување, сите четки и други алатки се оставаат во шкафовите пред Нова година.
Кинезите веруваат дека ако чистите на тој ден, ќе ја исчистите и куќата од среќа. За да поттикнете добра енергија во куќата, тогаш треба да запалите темјан стапчиња или свеќа.
Исто така, многу е важно да не позајмувате пари за кинеската Нова година за да немате финансиски проблеми подоцна во годината. Друг обичај поврзан со парите е да се предаваат пари во црвени пликови за Нова година, најчесто на децата.
Кинеската Нова 2023 година ќе ја симболизираат животното Зајак и елементот Вода, а главните бои на годината ќе бидат црната и сината.