Растението може да испушта звуци кога е загрозено. Едно истражување покажува дека растителното царство не е толку тивко како што мислевме, и дека некои растенија всушност создаваат звуци ако не се наводнуваат.
Се верува дека растенијата „плачат“, односно испуштаат звуци кога се сечат, а научници ги снимиле овие звуци кај доматите и тутунот, како и кај пченката и виновата лоза.
Ултразвучните вибрации претходно биле снимени кај одредени видови со помош на сензори кои директно го допирале растението.
Меѓутоа, новото истражување за првпат докажува дека растението всушност емитува звуци, кои можат да ги слушнат животните со силно сетило за слух. Луѓето не можат да ги слушнат овие звуци бидејќи нашето уво не може да прими толку високи фреквенции. Затоа научниците ги намалиле фреквенциите на растението за да можеме и ние да ги слушнеме.
Во повеќето случаи, растенијата испуштаат звук сличен на пуканки, за кои се верува дека се воздушни меури кои се појавуваат.
Доматите кои не се полевале пет дена го правеле овој звук почесто и погласно, речиси на секои две минути.
Кога растението домати било исечено, на секои 2,5 минути испуштало звук како аларм.
Професорката Лила Хадани, биолог на Универзитетот во Тел Авив и еден од авторите на студијата, која испитувала стотици растенија, вели дека откриле дека светот околу нас е полн со звуци што ги создаваат растенијата.
-И тие звуци содржат информации, велат дека им недостига вода или дека се повредени, вели Хадани.
Вели дека претпоставува дека овие звуци можат да се слушнат од живите суштества околу нас.
Научниците користеле алгоритми за вештачка интелигенција за да го споредат шумот на здравите растенија од домати и тутун со оние кои биле исечени или без вода до две недели во звучно изолирана акустична комора.
Откриле дека растенијата, кои не биле наводнувани, испуштале „звуци за помош“ пред да почнат да се сушат, а звуците почнале да се слушаат по пет дена без вода. Звуците се емитувале се повеќе и повеќе како што растението повеќе дехидрирало.
Овие звуци би можеле да им помогнат на одгледувачите, а со помош на сензори да знаат кое растение е несреќно и жедно, а земјоделците би можеле да ги спасат земјоделските култури.
Научниците, исто така, откриле дека растенијата, вклучувајќи винова лоза, пченица, пченка и кактуси, создаваат бучава кога се сечат или дехидрираат.
Звуците траеле подолго кога растението било дехидрирано во споредба со кога било исечено, а различни растенија се чини дека произведуваат различни звуци врз основа на фактори како што е фреквенцијата на бучавата.