вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Вечерва најдете добро место за гледање, ни доаѓа дар од небото

Вечерва најдете добро место за гледање, ни доаѓа дар од небото

Персеидите се појавуваат во првата половина на август, кога небото е воглавно ведро, кога ноќите не се ладни и голема е веројатноста дека можеме да ги видиме. Се работи за метеориски дожд, кој го добил името по соѕвездието Персеј, од каде се смета дека потекнуваат овие метеори.

Што всушност се случува? Во текот на август секоја година на небото е видлив метеорскиот дожд Персеиди, како резултат на вкрстувањето на Земјината орбита и честиците прашина кои по себе ги остава кометата 109П/Свифт Татл. Честиците прашина со голема брзина влегуваат во Земјината атмосфера, согоруваат, а молекулите на воздухот светкаат.

Оваа година метеорскиот спектакл започна на 14 јули и ќе трае до 24 август, но неговиот максимум, кога и ќе биде најдобро видлив од Земјата, ќе се случи во ноќта меѓу 12 и 13 август, односно вечерва и утре.

Според американската Национална аеронаутичка и вселенска адинистрација (НАСА), метеорите можат да се појават каде било на небото и може да делуваат различно во зависност од кој дел на Земјата се набљудуваат.

Во времето на својот максимум метеорскиот дожд Персеиди може да содржи меѓу 50 и сто метеори на час.