Маж од Висконсин (САД) влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој изел најмногу „Биг мек“ хамбургери во животот – дури 32.340 сендвича.
Иако многумина би можеле да се пофалат дека изеле повеќе „Биг мек“ хамбургери во животот, ништо не се споредува со напорите на 68-годишникот Доналд Горске кој од 1972 година јаде барем по еден „Мекдоналдс Биг мек“ секој ден, а во просечно – по два на ден. Тој првпат ја освои таа титула за најмногу издени хамбургери во 1999 година, па оттогаш само го надминува својот рекорд. За Гинисовата книга на рекорди раскажува како сѐ тоа почнало…
-Возев директно до Мекдоналдс, ги зедов моите први три Биг Мек, потоа се качив во автомобилот и ги изедов. Во тој миг си реков: „Веројатно ќе го јадам ова до крајот на мојот живот“. Ги фрлив картончињата на седиштето и почнав да ги бројам од првиот ден, раскажува тој.
Во раните денови, тој јадел и до девет хамбургери на ден, но неговата евиденција забележува дека јаде просечно по два секој ден.
Според „Економист“, еден „Биг мек“ чини околу 5,8 американски долари. (МИА)