сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Верувале или не: Половина од Американците веруваат дека диносаурусите сѐ уште постојат

Верувале или не: Половина од Американците веруваат дека диносаурусите сѐ уште постојат

Не е шега. Последните истражувања покажаа дека скоро половина од Американците веруваат дека диносаурусите сè уште постојат во некои делови на светот.

Истражувањето е спроведено од „Boat Rocker Studios“, кое наскоро ќе го прикаже цртаниот серијал Dino Ranch наменет за деца од предучилишна возраст на детскиот канал на Дизни.

Истражувачите испитале 2.000 возрасни Американци и откриле дека четири од 10 испитаници веруваат дека диносаурусите исчезнале пред 2.000 до 10.000 години, иако одамна е докажано дека тие исчезнале пред 66 милиони години.

Покрај тоа, околу 20 проценти од Американците веруваат дека изумреле пред само 100 години.

Околу 30 проценти веруваат дека диносаурусите и луѓето живееле на Земјата во исто време.