четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Ајфеловата кула „порасна“ за 6 метри

ВИДЕО: Ајфеловата кула „порасна“ за 6 метри

Познатата Алфелова кула во Париз од вчера е висока 330 метри, бидејќи над неа е поставена шестметарска радио антена.

Неколку случајни минувачи и туристи го следеа поставувањето на хеликоптерската антена на дожд и новиот изглед на Ајфеловата кула, неизбежна атракција во француската престолнина.

Антената тежи 350 килограми и заедно со инсталацијата чини околу еден милион евра.

Ајфеловата кула, наречена Челичната дама, била изградена од Густав Ајфел во 1889 година како изложба за Светскиот саем по повод стогодишнината од Француската револуција.

Структурата е составена од 18.038 делови од леано железо, со помош на 2,5 милиони нитни. Металната конструкција тежи 7.300 тони и има 16.665 скалила до врвот.

Кога била изградена кулата, многу парижани ја сметале за потсмев и дека треба да се урне, а денес има репутација на едно од ремек-делата на светската архитектура.