Во јужна Флорида се планира да биде изградена највисоката станбена зграда „Бентли Резиденс“, која ќе има 62 ката. Она што е интересно е дека тие кои ќе живеат во неа ќе можат да го паркираат својот автомобил во станот.
Облакодерот кој треба да биде изграден во авенија Колинс по план ќе биде највисока зграда покрај океан во САД.
Се работи за заедничка соработка на повеќе компании со производителот на автомобили Бентли, по кој ова издание ќе го носи и името.
Во зградата ќе има лифт кој овозможува автомобилите да бидат сместени во становите на нивните сопственици. Гаража ќе има на секој пат, па нема да биде проблем дури и ако имате стан на последниот, 62, кат.
Изградбата е планирано да заврши за четири години, а почетната цена на становите изнесува 4,2 милиони долари. Во внатрешноста на зградата се планира да има повеќе заеднички објекти кои на странарите ќе им го олеснат животот.