сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Чешки тајкун возеше со 417 км/ч во Германија, му се заканува затворска казна

ВИДЕО: Чешки тајкун возеше со 417 км/ч во Германија, му се заканува затворска казна

Германското обвинителство отвори истрага за чешки тајкун кој со својот автомобил Бугати на автопат меѓу Берлин и Хановер возел со брзина од 417 километри на час и се снимил.

Видеото било објавено на Интернет минатиот месец, а на него се гледа како Радим Пасер управува со својот автомобил со брзина од 417 километри на час на дел од германскиот автопат А2.

Се претпоставува дека видеото е снимено во јули 2021 година.

Обвинителството спроведува истрага. Доколку биде прогласен за виновен, на Пасер му се заканува затворска казна до две години или парична казна.

Чешкото издание на магазинот Форбс го процени неговото богатство на околу 305 милиони долари.