Тригодишните близнаци, чии мозоци беа споени, успешно беа разделени по 33-часовна операција, јавува Анадолија.
Сијамски близнаци беа разделени во хируршка процедура со помош на технологија за виртуелна реалност.
Според „Би-Би-Си“, Бернардо и Артур Лима биле подложени на неколку операции во Рио де Жанеиро, Бразил, предводени од британскиот педијатриски хирург Нур ул Овасе Џеелани од лондонската болница „Грејт Ормонд Стрит“.
Како што објави лондонската добротворна организација „Gemini Untwined“, која собираше донации за да го спроведе овој потфат, ова беше една од најкомплексните и најуспешните операции извршени некогаш во историјата.
На тригодишните момчиња им биле извршени вкупно седум операции, а само последните две траеле вкупно 33 часа. Во целиот процес учествуваа околу 100 здравствени работници.
Пред операцијата, хирурзите со месеци пробуваа различни техники користејќи виртуелна реалност пред да ја започнат операцијата.
Лекарите експериментирале со виртуелна реалност заснована на компјутерска томографија (КТ) и магнетна резонанца (МРИ) на близнаците.
Операцијата ја водел др. Џелани заедно со др. Габриел Муфареј, шеф на педијатриска хирургија во Instituto Estadual do Cerebro Paulo Niemeyer.
Џелани ја опиша операцијата како огромно достигнување и „производ на вселенската ера“.
– Успешната разделба на Бернард и Артур е извонредно достигнување на тимот во Рио де Жанеиро. Не само што обезбедивме нова иднина за момчињата и нивното семејство, туку го охрабривме локалниот тим со вештини и увереност дека во иднина ќе можат успешно да преземат ваква сложена работа – рече Џилани,пренесуваат светските агенции.