Двоглавата желка Јанус денес наполни 25 години. Природниот музеј во Женева, каде е желката, смета дека ова е најстарата бицефална желка во светот. Освен две глави, желката има и две личности.
Желката има две срца, бели дробови, но и две личности. За неа се грижат Анџелика Буржоан и тим негователи кои ја хранат со салата и органски производи. Желката секој ден добива и масажа, како и купка од зелен чај и камилица.
Двоглавата желка редовно оди на прошетки, понекогаш со музика, а се вози и на скејтборд кој е изработен по мерка.
Ројтерс пренесува дека таа не би живеела долго во дивината бидејќи не може да вги вовлече двете глави во оклопот.
Забележливи се и промените во расположените, а повремено може да дојде и со расправија, кога на пример треба да се одлучи во која насока ќе се движи, доколку двете глави сакаат различна страна.
-Десната глава е љубопитна, будна, има многу силна личност. Левата е пасивна и сака да јаде, вели Буржоан.
Happy Birthday, Janus: Janus, the two-headed tortoise was seen getting pampered ahead of his 25th birthday celebrations over the weekend. pic.twitter.com/EnAuroyWdm
— KION News Channel 46 (@KION546) September 3, 2022