Екипажот на патничкиот авион со 140 патници имале непријатно искуство за време на летањето на аеродромот во Панама бидејќи авионот го удрило гром, а тој момент е снимен.
Како што пишува порталот „Daily Mail“ авионот Боинг 737 MAX летал на висина од околу 9.000 метри, а тогаш во еден момент гром удрил во леталото.
Пилотите летале во мракот и ги изненадил ударот на гром, но успеале да останат смирени и мирно и безбедно го приземјиле авионот.