Кејда Ерсој, 34 годишна турска манекенка и инфлуенсерка заврши во болница во Истанбул каде и го шиеја јазикот. Во ваква ситуација таа се нашла со првиот бакнеж со новото момче.
Целата постапка на шиење таа ја снимала со мобилниот телефон, а локалните медиуми објавија дека неименувниот „Ромео“ грубо ја гризнал при француски бакнеж.
На првиот бакнеж со ова момче, како што се наведува, таа чекала еден месец и едно е сигурно, дека ќе го памети целиот живот. Сепак не им кажала на обожавателите дали повторно ќе излезе со него.