Неврохирург чиј син тинејџер загинал во сообраќајна несреќа поради возење во пијана состојба, детално опишал колку навистина му е потребно на телото да го разгради алкохолот.
Д-р Брајан Хофлингер објавил видео на ТикТок кое би можело да спаси многу животи. Докторот пред себе ставил чаши наполнети со вода за да рекреира забава на која многу се пие.
„Да кажеме дека ќе испиете 5 пијалаци во првиот час. Алкохолот влегува во вашиот мозок 5 минути по консумацијата и започнува да делува, но она што можеби не го знаете е дека вашиот црн дроб метаболизира само 30 милилитри алкохол на час“, вели тој.
@doctorhoeflinger Knowing this about drinking could save your life! #fyp #party #drinking #alcohol #foryou #holiday #christmas ♬ Storytelling – Adriel
Според „Northwestern Medicine“, црниот дроб во просек може да метаболизира еден стандарден пијалак на час (350 милилитри пиво, 147 милилитри вино или 44 милилитри жесток алкохол).
„Моментално имам 150 милилитри алкохол во својот систем, а за еден час ќе потрошам само 30 милилитри, што значи дека во крвотокот ќе останат уште 120 милилитри“, додава докторот.
Тој ги потсетува гледачите дека по 3 часа забава, во текот на која консумирал алкохолни пијалаци, ќе мора да почека 6 часа додека неговото тело го метаболизира алкохолот. Тоа е важно бидејќи некои мислат дека можат да престанат да пијат 1 до 2 часа пред заминувањето и да возат дома, но тоа не е така.
„Ќе бидете пијани до раните утрински часови. Алкохолот може многу лесно да се наталожи во вашиот систем и да остане таму со часови. Затоа не влегувајте во автомобилот. Немојте да пиете и да возите. Повикајте такси. Најлошата работа која можете да ја направите е да пиете и да возите, би можеле да се убиете себеси, или уште полошо, да убиете некој друг. Едноставно не вреди“, порачал д-р Хофлингер, а видеото е погледнато дури 17,2 милиони пати.