Медицинска сестра Моли од Мичиген сними видео во кое демонстрира колку лесно се пренесуваат бактериите и вирусите во супермаркет дури и кога носите ракавици и мислите дека со тоа сте заштитени.
„Бев во супермаркет утринава и видов колку многу луѓе неправилно ги користат нивните ракавици, па штом стигнав дома земав малку боја за да ви објаснам што се случува“, вели Моли.
Видеото на Моли е доказ колку брзо заштитните ракавици се контаминираат и како бактериите и вирусите од нив се пренесуваат на нашиот телефон, па од површина до површина повторно стигнуваат до нас.
Таа порачува дека секој треба да биде свесен за ова и да запомни дека најдобриот начин за заштита е редовното миење на рацете со сапун. Доколку користите ракавици, користете ги еднократно и не допирајте ништо друго со нив, а веднаш откако ќе завршите со нив, фрлете ги.
Објаснувањето на Моли:
A quick little Molly rant about cross contamination and gloves.To use this video in a commercial player or in broadcasts, please email licensing@storyful.com
Gepostet von Molly Lixey am Montag, 30. März 2020
Извор: ЦрноБело