Група турски готвачи ја направија најголемата баклава во светот, тешка повеќе од 500 килограми. Баклавата им била послужена на гостите во огромна тепсија на Самитот за гастрономија во Анкара.
Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, рекол дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе во споредба со претходниот светски рекорд.
Слаткарите на овој „проект“ работеле три месеца. Баклавата била печена во една тепсија широка 2,5 метри и долга 7,5 метри, во посебно изградена печка.
Рекордот ќе биде впишан во Гинисовата книга на рекорди.
Најголемата баклава во светот била исечена на 11.800 парчиња.