среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: „Оваа девојка треба да ја оженам“: Келнерка на „Октоберфест“ стана апсолутен хит на социјалните мрежи

ВИДЕО: „Оваа девојка треба да ја оженам“: Келнерка на „Октоберфест“ стана апсолутен хит на социјалните мрежи

Во Минхен во саботата беше отворен „Октоберфест“, најголемиот фолклорен фестивал на пивото во светот, а она што го прави препознатлив, барем засега, се цените кои ги соборија сите рекорди.

Како што пишува „Феникс магазин“, цените на познатиот фестивал никогаш не биле повисоки. Пивото оваа година чини помеѓу 13,20 евра (Museumszelt) и 14,50 евра (Käfer), додека пченичното пиво во шаторот чини дури 17,40 евра. Поскапеа и безалкохолните пијалаци, па литар вода сега чини 10 евра, а лимонада од 8,20 до 12,40 евра.

Настрана ова, да се ​​биде келнерка на „Октоберфест“ не е лесна работа во секоја смисла, а тоа го покажува едно видео од овогодинешната манифестација.

На него е прикажана девојка која, навидум без проблем, во рацете носи неколку големи кригли пиво, во два реда, со уште еден на врвот.

@mr..best.of.fun Marry me 😂 #viral #foryou #fyp #funny #viralvideo #oktoberfest #wiesn #wiesn2023 ♬ Originalton – Mr. Best of FUN

Некои корисници изброиле 13 кригли, со рачки кои девојката прецизно ги наместила за да може сите одеднаш да ги носи.

Спретната келнеркапредизвика одушевување кај насобраните, а некои гости ја снимија и објавија.

@travellers4u 🍻Wie viel Maß Bier zählt ihr? Ich komme auf 13 😱🤩 Herbstfest Rosenheim 🍻 #oktoberfest #onlyingermany #germanbeer ♬ original sound – DJ L BEATS

Видеата станаа вирални на социјалните мрежи, со хаштагот „омажи се за мене“.

„Секоја чест девојко“, „Јас вентуално би можел да носам три кригли“, „Каков професионалец“, „Оваа девојка треба да ја оженам“, се само дел од коментарите на одушевените корисници.