Поради неправилно носење на маска настана инцидент во авион. Полицијата ја уапси Американката Вивиана Кинонез (28) за физички напад врз стјуардеса на лет од Сакраменто за Сан Диего.
Како што раскажуваат сведоци, физичкиот напад се случил откако стјуардесата повеќе пати побарала од неа правилно да носи маска над носот и устата, како и сите други патници и да ги почитува правилата во авионот. Кога стјуардесата со повишен тон се обратила на патничката, жената возврати со удари со тупаница во лицето. По слетувањето стјуардесата е упатена на клинички третман. Откако почна пандемијата имаше повеќе вакви инциденти.