Поплавата која буквално го потопи италијанскиот град Венеција стана сериозна закана за цела
Европа, но не и за тамошните жители и туристи кои овие денови се таму.
Градот не памети ваква елементарна непогода во последните 40 години, а рестораните се полни со вода, но тоа не ги спречува гостите да ги посетат и келнерите да ги угостат.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како келнерите ги послужуваат гостите во гумени чизми, а во некои ресторани чизми се делат и како основна опрема за посета на локалите.
Ова видео за неполни 19 часа е прегледано повеќе од осум милиони пати, погледнете: