понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Скелет на горгосаурус стар 77 милиони години оди на аукција, може да достигне цена од 8 милиони долари

ВИДЕО: Скелет на горгосаурус стар 77 милиони години оди на аукција, може да достигне цена од 8 милиони долари

Скелет на диносаурус горгосаурус ќе биде првпат на аукција и се очекува дека ќе достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави аукциската куќа Сотби.

Аукциската куќа скелетот на диносаурусот кој е висок три метри и долг 6,7 метри, ќе го стави на продажба на 28 јули. Сотби тврди дека тоа е еден од „највредните диносауруси кои некогаш се појавиле на пазарот“.

Горгосаурусот бил на Земјата пред околу 77 милиони години. Возрасниот мајжак тежел околу два тони, а бил помал по раст од својот роднина тираносаурус рекс.

Палеонтолозите велат дека бил побрз и пожесток од Т-Рекс со посилно каснување. Скелетот бил пронајден покрај реката Џудит во американската држава Монтана во 2018 година.

Ова е првпат Сорби на аукција да стави скелет од цел диносаурус откако во 1997 година го продаде Т-Рексот наречен Су за 8,36 милиони долари.

-Сите останати примероци на горгосаурусот кои се пронајдени се наоѓаат во музеи. Ова е единствен кој може да го купите, па токму затоа е возбудлив момент и за приватните колекционери и за институциит, изјавила за АФП, Касандра Халтон која го води одделението за наука и популарна култура во аукциската куќа.

За разлика од останатите земји, САД не ја ограничува продажбата или извозот на фосили што значи дека скелетот би можел да заврши во странство.