петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Слон преврте автомобил во Тајланд

ВИДЕО: Слон преврте автомобил во Тајланд

Необичен настан е снимен во заштитеното подрачје на засолништето за диви животни Као Анг Ру Наи во Тајланд.

На видеото се гледа како слон се приближува до автомобил, по што почнува да го турка. Слонот ја искористил својата огромна сила за лесно да го преврти автомобилот. Очевидци го снимиле овој инцидент и ги повикале на помош надлежните од заштитеното подрачје. Потоа го оддалечиле слонот и му помогнале на возачот да излезе од возилото.

Причината поради која слонот решил да го преврти автомобилот останува мистерија. Тамошните медиуми пишуваат дека можеби барало храна, но очевидец наведува дека животното се побунило затоа што возачот немал намера да го пушти да го помине патот.

Слоновите лесно можат да убијат луѓе. Статистиката на индиското Министерство за шуми, животна средина и климатски промени покажува дека 3.310 луѓе биле убиени од слонови во земјата помеѓу 2014 и декември 2020 година.