Стотици илјади лалиња, кои цветаат на многу места во Амстердам, почнаа да ги украсуваат улиците на градот, авении, мостови и канали, јавува Анадолија.
Како дел од 9-тиот фестивал на лалињата во Амстердам, организиран од заедницата на фестивалот лалиња, стотици илјади се изложени на 75 различни локации во Амстердам.
Фестивалот се одржува во соработка со 36 различни институции, а привлекува големо внимание кај оние кои гo посетуваат Амстердам и уживаат во шарените украси на лалињата.
Медиумската претставничка на фестивалот Мариек Клостерс изјави дека таа и директорката на фестивалот Саскиа Албрехт го реализирале овој проект, бидејќи лалињата не го нашле заслуженото место во градот.
-Фестивалот го одржуваме од 2015 година. Нашата цел е да имаме лалиња на места каде што луѓето ќе можат да ги видат додека одат во секојдневниот бизнис, наместо да ги прикажуваме во изложбените градини или туристичките атракции, рече Клостерс.
Фестивалот на лалињата, кој привлече големо внимание кај локалната јавност и туристите, трае до крајот на април.