понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Туристи во Италија соборија статуа стара 150 години поради фотографија

ВИДЕО: Туристи во Италија соборија статуа стара 150 години поради фотографија

Група млади германски туристи, кои позирале за да ги објават фотографиите на социјалните мрежи, се обвинети дека собориле вредна статуа во вила во северна Италија, изјави менаџерот на вилата, Бруно Голферини.

Двајца од групата се качиле на фонтаната за да ја гушнат скулптурата „Домина“ на уметникот Енрике Бути, а едниот од нив ја турнал статуата висока 1,70 метри која паднала на земја, рече Голферини.

Голферини рече дека поднел жалба до локалната полиција против сите 17 германски туристи кои биле во групата што ја изнајмила вилата.

Тие во меѓувреме ја напуштиле Италија, а целиот настан е снимен на надзорните камери.

Статуата е стара околу 150 години, а нејзината вредност се проценува на околу 200.000 евра, вели Голферини и додава дека поправката е отежната поради дополнителните оштетувања на плочките во фонтаната.

„Домина беше на некој начин жена која ја штитеше вилата. За жал, има неуки кои прават такви работи“, вели Голферини.