Младиот Дезмарис смета дека луѓето без пари тоа го гледаат како казна за паркирање, а тој како ВИП место. Само минатата година платил над 7.000 долари за казни за паркирање во Лондон.
Луке Дезмарис (27) кој живее во Лондон, редовно објавува видеа на својот ТикТок профил, а сега предизвикал лавина реакции, бидејќи не му е грижа за казните за паркирање во централен Лондон.
Имено, сопственикот на BMW M4 објавил видео на кое покажува како своето метално милениче го паркира каде што не треба и коментира дека луѓето без пари тоа го гледаат како казна за паркирање, а тој како ВИП паркинг место.
@mrlukedes VIP parking #rich #foryoupage ♬ AirplaneMode – BONES
Само минатата година платил над 7.000 долари, но тоа не му претставува проблем, бидејќи месечно заработува повеќе од 110.000 долари, пренесува „The Sun“.
Паркирањето во центарот на Лондон е проблем за многумина, но Дезмарис пронашол решение и паркира на места кои не се наменети за паркирање автомобили.
„Внимавам да не блокирам никого и да не направам нешто лошо. Попрво би заштедил време и непрописно би паркирал, отколку да кружам по улиците и да барам паркинг“, коментира на својот профил младиот сопственик на BMW M4.
„Тоа значи дека можам побрзо да си одам дома за да се вратам на работата. Тоа е мојата логика зад тоа“, објаснува Дезмарис.