сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Вистински пештерски луѓе: Сред шума се крие пештера, а во неа живее цела една заедница (ВИДЕО)

Вистински пештерски луѓе: Сред шума се крие пештера, а во неа живее цела една заедница (ВИДЕО)

Во пештера во непристапен дел во кинеската провинција Гуижу, до која нема ни пат, живее цела една заедница.

Селото Жонгдонг се наоѓа на 1.800 метри надморска височина, а до него се стигнува единствено со планинарење, што на неговите жители прилично им ги отежнува доаѓањето до основни работи кои им се потребни.

Во пештерата дури имало и училиште, но во 2008 година властите го затвориле под образложение дека „Кина не е земја на пештерски луѓе“. Така што децата морале да пешачат секој ден во 2 и пол часа до најблиското училиште. Инаку, училиштето во пештерата го посетувале 186 ученици, а како дел од него имало и терен за кошарка.

Заедно со мештаните, кои се нарекуваат последни живи пештерски луѓе, овде живеат и нивните домашни животни како што се крави, кокошки и куќни миленици.

Селото живеело во целосна изолација без информации за надворешниот свет, бидејќи немале ниту телевизиски сигнал. Меѓутоа, откако во медиумите се појави приказната за нивната заедница, се повеќе туристи се заинтересирале за посета.

Со текот на времето жителите добиле и пат, а учениците биле преместени во интернат. Своите семејства ги посетуваат за викендите и празниците.

Еден дел од луѓето се преселиле, во во пештерата се уште живеат стотина луѓе.