недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Во овој град можете бесплатно да се возите со автобус ако сте спремни да направите 20 клекнувања

Во овој град можете бесплатно да се возите со автобус ако сте спремни да направите 20 клекнувања

Пред 3 години во Клуж, вториот најголем град во Романија, беше поставена првата паметна автобуска станица која нуди бесплатни билети.

Единствениот услов е да направите 20 клекнувања за 2 минути. Во замена за 20 клекнувања, патниците добиваат билет во еден правец кој изнесува околу 50 центи.

Станицата брзо стана хит помеѓу локалното население, но и своевидна туристичка атракција.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“
Станува збор за проект на Спортскиот фестивал кој бил финансиски поддржан од градскиот совет, а бесплатните карти биле достапни во период од 2 недели. Проектот бил обновен по 3 години, па жителите на Клуж и туристите повторно „тргнале во акција“ и започнале да прават клекнувања за бесплатни карти.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“, „Одлична идеја, ова треба да се постави во секој град“, „Брилијантно“, „Одличен начин за да се промовира здрав живот“, се дел од коментарите по повод ваквиот проект.