среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Во Полска откриена рака на дете кое пред 100.000 години починало од ужасна смрт

Во Полска откриена рака на дете кое пред 100.000 години починало од ужасна смрт

При археолошки ископувања во Темната пештера во провинцијата Малополското Војводство во јужна Полска, откриени се останки на дете неандерталец, стари над 100.000 години.

Останките се и официјално, најстарите откриени на територијата на оваа држава. Според Павел Валде-Новак, професор во Јагелонскиот Универзитет во Краков, археолозите установиле дека наодите, односно коски од рака, се од седумгодишно дете, и биле глодани од поголема птица.

Претходно, за најстари во Полска се сметаа три заба од пред 50.000 години. (МИА)