Кога се резервира сместување за патнички или туристички престој однапред, но и на самото место, најважно е местото да е чисто и уредно, но и да нема скриени камери во собите…
Корисничка на Твитер по име Џоана Фокс открива што доживеала со своја пријателка, во врска со резервирањето сместување на познатата платформа „Ер-БНБ“. Проследено со повеќе слики и видеа, жената објасни дека неодамна престојувале во стан каде што на крајот пронашле 10 скриени камери, дури и кај тушевите.
„Неодамна преку ‘Ер-БНБ’ отседнавме во Филаделфија и најдовме барем 10 скриени камери низ целата куќа. Вклучително и кај тушевите и во спалните соби“, вели Џоана, продолжувајќи – „Некои беа маскирани како системи за прскање, но забележавме објектив за камера. Тие беа ставени во места со идеален поглед кон луѓето. Иако за среќа – тоа беше женска дружба, јас бев гола. Морав да се пресоблечам во мојата соба“.
We also tried calling the philly police to have them on the scene, examine the cameras & make a police report. THEY DID NOT ANSWER. Sadly we had to go down to the police station.
This is so UNSAFE, & scary! thank god we noticed the cameras and got out of there! pic.twitter.com/XMbhFzvYDt— 🍒 (@foxytaughtyou) June 13, 2022
Девојките никогаш не го запознале сопственикот, но кога се обидувале да му се јават, дури и по пристигнувањето, не можеле да го добијат на телефон.
„Одговори само преку порака. Никогаш не дознавме како изгледа, звучи и дали е машко или женско“, пишува Џоана.
Таа повикала и полиција на местото, заради пријава, но ни тие не реагирале. Исто така, „Ер-БНБ“ не им понудиле враќање на парите, туку само ново сместување.
„За среќа, ги забележавме камерите и излеговме од таму. Но, немаме поим какви снимки има сопственикот и што прави со нив. Ни требаат одговори“, истакна Џоана.
Корисниците се сложија дека ова е нешто што може да му се случи на секого.