Египетската манекенка Салма Ел-Шими за малку ќе беше уапсена на 30 ноември веднаш откако одржа куса фотосесија во Сакара – археолошко наоѓалиште во градот Гиза. Локалитетот неодамна беше многу актуелен во вестите, оти неодамна беа откриени најмалку 100 запечатени саркофази со мумифицирани тела во нив.
Имено, таа и нејзиниот фотограф Хосам Мухамед немале дозвола за фотографирање на местото, а претставник на ресорното министерство ја нарече облеката на Ел-Шими – тесен бел фустан со појас и околувратник со традиционална монистра – „несоодветна“. Мухамед потврди дека потоа тие двајца, некако, се спогодиле со власите и одговорните за наѓалиштето, па избегнале казна.
Манекенката се фотографираше близу Пирамидата на Џозер – изградена некаде во 27 век пред Христа. Приитоа, таа сакала да изгледа како кралицата (фараонка) „Малбан-тити“ – измислено име-сложена од зборот „малбан“ – вид локум и името на славната Нефертити.
Властите ја обвинија Ел-Шими за „нарушување на цивилизацијата и навреда на големата фараонска историја“. Египетските закони важат за прилично строги во таа смисла.
Но, и покрај сите непријатности, „локум-тити“ објави дел од слииките на Инстаграм, по согласноста од луѓето одговорни за наоѓалиштето. (МИА)