недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАА СМРТ: Двајца истражувачи ќе беа згмечени од санта лед на Арктикот (ВИДЕО)

ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАА СМРТ: Двајца истражувачи ќе беа згмечени од санта лед на Арктикот (ВИДЕО)

Двајца истражувачи на Арктикот за влакно избегнале смрт откако санта ледот на кои што се качиле се превртила и за малку ќе ги згмечела.

Фред Роук и Мајк Хорн додека се  качувале на големиот санта лед, тој наеднас се превртел и ги фрлила во леденото море, пренесува Дејли мејл.

Хорн е истражувач повеќе од 30 години и популарен по тоа своите патувања на некои од најладните места на планетава.

Имено, Хорн и Роук одлучиле да скокнат од бродот на санта ледот кои што го приметиле во текот на пловидбата околу Свалбарда која се наоѓа помеѓу Норвешка и Северниот пол.

И двајцата на себе ставиле опрема за качувале и од бродот преминале на санта ледот, но само по неколку секунди санта ледот почнал да тоне додека истражувачите сеуште биле на него.

Откако паднале во вода, ледот се превртел и за малце ќе ги згмечел, а сето тоа е забележано на видео снимка која Хорн ја објави на социјалните мрежи.