Грчките медиуми јавуваат дека на Миконос пет лица завршиле во болница откако консумирале слатки кои во собите ги оставиле гостите, а кои биле полни со халуцигени супстанци.
Дека Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога не е нов податок. Во изнајмените вили, остануваа се и сешто по заминувањето на богатите гости.
Како што јавува Прототема, пет собарки се хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.
Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, нагла промена на емоциите и халуцинации.