Момче кое на ТикТок има околу 300.000 следачи популарноста ја има благодарение на необично занимање. Имено, Британецот Били Џо Греј продава носени чорапи и по можност што повеќе да бидат замирисани.
Греј заработува и до 1.900 евра месечно, а колку чорапи ќе продаде зависи од тоа колку се „усмрдени“.
-Што посмрдливи, тоа подобро, вели Британецот кој еден пар го продава по цена од 11 до 35 долари, а неделно испорачува меѓу пет и 12 пара.
Открива како изгледа неговиот работен ден, во кој некогаш поради нарачка има обврска со денови на носи исти чорапи пред да ги прати.
-Имам постојани клиенти кои одново и одново купуваат носени чорапи. Поради нив во одредени денови одам во теретана и ги носам од еден до три дена постојано. Потоа преговараме за цената. Колку ќе заработам зависи од случај до случај, вели ова младо момче.
@billyjoegrayy Instagram #fyp #viral ♬ original sound – Billy-joe gray