сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Засадете го ова цвеќе на балкон или во градината и претворете го летото во магија: Еве што ќе доминира оваа сезона

Засадете го ова цвеќе на балкон или во градината и претворете го летото во магија: Еве што ќе доминира оваа сезона

Мини розите оваа година ќе доминираат на балконите, а еве неколку совети за успешно одгледување на овој божествен цвет.

Мини розите може да ги засадите на балкон, тераса или во градина, но може да ги чувате и во стан. Важно е позицијата на која ќе биде поставена саксијата да има доволно сонце. Розите едноставно го обожаваат.

Земјата во која било кој вид на рози ќе бидат засадени, мора да биде влажна, па затоа, кога ќе садите рози, на дното на саксијата ставете малку чакал или камчиња за да може вишокот вода да истече.

Најдобро е розите да ги наводнувате со дождовна или отстоена вода. Мини розите сакаат и влажен воздух, па повремено прскајте ги со вода. После расцветувањето, не заборавајте да ги исечете избледените цвеќиња и сувите гранчиња.

Растението треба да се поткастри, а тоа ќе поттикне нов раст. Есента е најдобро време за кастрење. Секогаш правете го тоа со остри ножици под агол од 45 степени.

Најдобто е растението да презимува во ладна и посветла просторија. За време на мирувањето, растението треба и повремено да се наводнува. За борба против болести на розите, како што се пегавост или ‘рѓа, користете фунгициди, а листовите третирајте ги со инсектициди.