вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ЗДРАВО И БЕЗ МНОГУ ТРУД: Бојадисувањето јајца со сода бикарбона е лесно, а резултатот е фантастичен (ВИДЕО)

ЗДРАВО И БЕЗ МНОГУ ТРУД: Бојадисувањето јајца со сода бикарбона е лесно, а резултатот е фантастичен (ВИДЕО)

Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и сето тоа без многу труд

Доколку сè уште не сте одлучиле која техника на фарбање ќе ја искористите, ви предлагаме на празничната трпеза да ставите јајца чиј дезен сте го добиле со помош на сода бикарбона.

Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и сето тоа без многу труд.

Состојки:

Околу 10 варени јајца

бои по желба

топла вода

4 лажици сода бикарбона за секоја боја

3-4 лажички по јајце

оцет

масло

Подготовка:

Во секој сад ставете по четири лажици сода бикарбона и измешајте со малку вода, за да добиете густа паста. Тубите со боја ставете ги во сад и прелијте ги со врела вода. Оставете ги да отстојат малку и за тоа време одвојте ја содата бикарбона во посебни чинии или чаши, во кои потоа ќе ги додадете боите. Сварете ги јајцата и исушете ги, па ставете ги во калап за мафини. Секое јајце прелијте го со лажица со различна боја (комбинациите правете ги по желба), па прелијте ги со лажица оцет. Оставете ги околу 15 минути, а потоа извадете ги јајцата од бојата и нежно избришете ги со крпа.