Една жена во Аргентина доживеа големо изненадување кога нејзиниот ветеринар ја информираше дека нејзиното маче всушност не е домашно милениче.
Тие ја испратиле во локалниот резерват за диви животни откако откриле што всушност чува дома.
Флоренсија Лобо и нејзиниот брат патувале во Тукуман, кога наидоа на две напуштени мачиња. Одлучија да ги вдомат. За жал едното починало, но другото си го земале да си го чуваат дома. Го крстија Тито.
Мачето си било здраво, но неговата сопственичка го однела на обичен преглед кај ветеринар. Не било потребно повеќе од неколку секунди за докторот да открие за што всушност станува збор.
Од ветеринар, ги испратиле во локалниот резерват за диви животни.
Вработените таму ги потврдија сомневањата на ветеринарот дека Тито не е домашно маче, туку мала дива мачка наречена јагуарунди. Иако тие изгледаат и се чувствуваат како домашни мачки, тие се всушност видови на пума.