Снимката за кратко време собрала повеќе од четири милиони прегледи, но Ким, која очигледно била навредена од костимот за капење на младата дама, не добила одговори на какви се надевала …
Ким Страм од САД неодамна на својот профил на ТикТок објавила снимка од воден парк, која предизвикала лавина коментари. Оваа 39-годишна мајка вниманието на своите фанови го упатила кон млада дама во базен, односно на нејзиниот костим за капење и танга.
„Дали е ова примерно за семеен воден парк или не?“, ги прашала своите пријатели Ким, нагласувајќи ја опцијата НЕ. Додала дека смета дека девојката изгледа одлично, но дека нејзината комбинација не е примерна поради децата.
Снимката во краток рок собрала повеќе од четири милиони прегледи, но Ким, која очигледно била навредена од костимот за капење на младата дама, не добила одговори на какви се надевала. Всушност, повеќето се завртеле против неа …
– А дали е примерно вака некој да снимаш од зад грб?
– Децата не ги интересира. Те интересира само тебе. Веројатно ти е страв дека и твојот сопруг ја гледа.
– Жена во базен во костим за капење. Тука нема ништо спорно.
– Децата тоа не го ни забележуваат …
– Па надвор е многу жешко, таа е тука да се разлади. Не е топлес. Што се им пречи на луѓето …
Сепак, имало и такви кои се согласиле со неа.
– Ова не е за во јавност. Мене би ми било срам …
– Да е нормална, не би се облекла вака за на базен …
Погледнете ја снимката, па проценете самите:
@kstram83 Thoughts!! I don’t think its appropriate there’s kids all around her, but she looks great!!🙌🏾 #ReTokforNature #thongbikini #makingconvo ♬ gford._ gets no maidens – $avøry-$adisticpai • Follow Me