среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жив закопан турски јутјубер, мина 6 часа под земја (ВИДЕО)

Жив закопан турски јутјубер, мина 6 часа под земја (ВИДЕО)

Мухамед Бахчеџик, 25-годишниот турски јутјубер, им вети на своите следбеници дека ќе биде закопан жив доколку едно од неговите видеа добие одреден број на лајкови.

Кога видеото го доби потребниот број лајкови, Мухамед немаше друг избор освен да го исполни ветувањето. Влезе во специјално дизајниран стаклен ковчег опремен со уреди за следење на виталните знаци, кислород, радио и камери, а потоа беше „погребан“ во истанбулското предградие Тузла во петокот во 20 часот по локално време.

Јутјуберот помина вкупно 6 часа под земја, по што дефинитивно имаше што да каже.

„Научив колку е убав животот. Во моментот кога влегов во ковчегот мислев на сите луѓе што ги сакам, на оние кои ги сакав и починаа. Се чувствував како и тие да се тука. Многу сум среќен што сега можам полесно да дишам, што не можев во период од шест часа“, рече Бахчеџик.

Сепак, нема многу кои би се осмелиле да го сторат истото, особено не поради прегледи и лајкови на YouTube.