Постои сомнеж дека на шефот не сте му симпатични, но сакате да бидете сигурни со цел да се обидете да ја смените ситуацијата.
Според Бизнис Инсајдер, постојат знаци кои сигурно ќе ви дадат одговор. Тие понекогаш се многу добро прикриени, но не е тешко да се откријат доколку се обрне внимание на неговото однесување.
1. Ве исклучува од одлуките. Така покажува дека можеби не го почитува вашето мислење.
- Ако не ви каже „добро утро“ кога ќе дојдете на работа, ниту „довидување“ кога ќе си одите дома, ниту возвраќа кога вие први ќе му кажете, тоа може да биде сигнал дека не сте му симпатични.
- Не ви дозволува сами да донесете одлуки, туку надгледува се што работите и тој донесува одлука.
- Немате добра комуникација. Разговарате главно кратко и кога нешто ќе го прашате одговара кратко.
- Не сака со вас да води подолги разговори.
- Индиферентен е кон вашите резултати и не зборува за планови за ваше унапредување.
- Се однесува на начин со кој сака да направи да се чувствувате непријатно или да ве посрамоти кога сте во група луѓе или на јавен настан.
- Со непочитување ја критикува вашата работа.
- Ви дава бесмислени обврски, кои ви одземаат време, немаат смисол и не се согласно вашите способности и задачи.
- Го избегнува погледот за да не забележите во него нетрпеливост.