Нарцисоидните луѓе ги искористуваат другите луѓе и често се прељубници во љубовните врски. Експерти направија листа од 19 особини кои ги разоткриваат нарцисоидните личности со цел да препознаете некоја таква личност во ваша близина.
Еве по што ќе препознаете нарцисоидна личност:
Не знаат што е фер игра
Нарцисите се груби кога губат, а уште полоши кога победуваат. Кога губат за тоа ги обвинуваат сите останати, а кога победуваат претерано се радуваат и го навредуваат противникот.
Постојано се чувствуваат потценето
Секогаш имаат чувство дека тие заслужуваат повеќе и постојано мислат дека другите помалку ги ценат.
Ако не се гласни, тогаш се интровертни и хиперсензитивни
Психолозите велат дека има два типа на нарциси. Од едната страна се агресивни и гласни типови, а од другата страна интровертни, хиперсензитивни и сè доживуваат како личен напад на нив.
Мислат дека сите останати се глупави
Многу нарциси сметаат дека се паметни и тешко имаат квалитетни односи со колегите и пријателите бидејќи одбиваат да веруваат дека тие би можеле да грешат во врска со што било.
Сакаат да пцујат и ги навредуваат другите
Психолози од Универзитетот во Вашингтон открија дека нарцисоидните луѓе повеќе пцујат и повеќе сакаат да се караат од другите.
Мислат дека се подобри од сите
Веруваат дека нивните погледи на животот се посупериорни од останатите, но тоа што навистина го ценат е признанието од другите за нивните ставови.
Мислат дека имаат право да бидат злобни кон другите
Иако нарцисите знаат дека одмаздољубивото однесување е лошо, чувствуваат дека имаат право така да се однесуваат бидејќи сите секогаш прават нешто против нив.
Сакаат да бидат лидери и да им зборуваат на другите што да прават
Сакаат лидерски позиции бидејќи тоа значи дека можат да доминираат над другите.
Најверојанто се млади мажи
Психологот Фредерик Стинсон откри дека мажите се почесто нарцисоидни од жените. Се верува дека нарцизмот е најсилен во тинејџерскиот период и слабее со годините.
Мразат емоции
Емоциите го нарушуваат чувството на совршена автономија кај нарцисите бидејќи признавањето какво било чувство значи дека може некој да ги трогне или дека нешто е надвор од нивното влијание.
Мислат дека се позгодни од другите
Според истражување од 2008 година, нарцисите сами на себе си даваат високи оцени за изгледот и интелигенцијата, но кога решаваат IQ тест, резултатите им се просечни.
Наместо да слушаат, само чекаат да им дојде редот да зборуваат
Нарцисите сакаат разговорите да се вртат околу нив и прават грандиозни движења за поголем ефект кај соговорникот, но кога другите зборуваат тие незаинтересирано превртуваат со очите.
Брзо се вљубуваат и одљубуваат
Некои нарциси брзо се вљубуваат и одљубуваат и тоа често во луѓе кои не ги познаваат доволно. Мислат дека партнерот им е совршен, што одговара на нивната сопствена совршеност, но кога почетната заљубеност ќе стивне и сфаќаат дека и партнерот има маани, ја прекинуваат врската.
Обично прават прељуба
Веројатно е дека нарцисот ќе ве изневерува и тоа кога нивниот партнер целосно ќе се предаде во врската. Исто така, партнерите често ги оставаат по четири месеци врска, колку што обично трае почетната заљубеност.
Некои луѓе ги креваат на пиедестал
Идејата која нарцисот ја има зад ваквото однесување е дека ќе пронајде некој совршен, ќе се дружи со него и дека таа совршеност ќе се пренесе и на нив.
Сакаат да ги омаловажуваат другите
Нарцисите ги омаловажуваат другите за да ја задржат позитивната слика што ја имаат за себе.
Родителите ги игнорирале и обожавале
Истражувањата покажаа дека веројатно некој ќе стане нарцис ако во текот на растењето доживее игнорирање и преголемо обожавање од родителите. Тоа не е случај ако едно од тие однесувања недостасува, а психолозите велат дека е тоа така бидејќи тој топло-ладно однос кај децата создава длабока желба да бидат обожавани, па животот го минуваат барајќи поттици за егото.
Бираат пријатели за да бидат покрај нив кул или за да ги искористат
Жените нарциси најчесто за пријатели бараат успешни мажи за да добијат чувство на поголема вредност, а мажите бараат пријатели кои ќе им помогнат во заведувањето или ќе им бидат корисни на кој било друг начин.
Постојано мораат да држат сè под контрола
Колку што мразат да разговараат за чувствата толку мразат и кога им се на располагање на другите. Поради тоа често знаат да ги контролираат другите. На пример, во врската го контролираат партнерот со строги погледи, промени на планови и хронично доцнење. Тоа им овозможува да ја поткопаат туѓата можност за правење планови, што на нарцисите им дозволува да го одржуваат чувството на целосна автономија.