Недостигот на доверба во науката е огромен проблем во денешниот општествен контекст. Многу погрешни информации со кои се соочуваме се намерно и организирано пласирани, а што е уште полошо, истражувањата покажаа дека на интернет лагите побрзо се шират од вистината.
Психологот Авива Филип-Милер од Универзитетот Сајмон Фрејзер заедно со нејзините колеги направи истражување со цел да се спротивставиме на овој опасен поглед. Еден од најголемите митови за комуникациската наука е дека луѓето логично ќе се однесуваат ако само им ги претставиме фактите. Тоа се нарекува модел на информациски дефицит.
Почнувајќи од климатската криза до светската пандемија, постојат безброј примери дека оваа метода често едноставно не функционира, пишува Science Alert.
„Вакцините порано беа стандард кој сите го прифаќаа. Сепак, во последните години се случија промени поради кои е полесно да ги уверите луѓето да не веруваат во научниот консензус за вакцините и другите работи“, вели американскиот психолог Ричард Пети.
Иако на многумина им е тешко да поверуваат, сепак луѓето имаат мноштво легитимни причини за недоверба.
За почеток, индустријата ја уништува довербата во науката буквално со преземање на научни сертификати – користат зборови кои звучат „научно“ за да го зголемат личниот профит. Фармацевтските компании исто така дадоа многу причини за недоверба. Покрај тоа, голем број медиуми ги презираат експертите па им даваат сила на ненаучните перспективи.
Сите тие конфликти, сомнежи и премногу информации од сите страни ја уништуваат довербата во науката. Оние кои се одговорни за комуникација со научни информации кон јавноста, како што се медиумите или политичарите, уживаат уште помала доверба од научниците.
Недовербата во изворот информации е една од четирите главни препреки на прифаќање на науката, покажа истражувањето на Филип-Милер и нејзините колеги.
1. Недоверба во изворот на информации
2. Лојалност кон општеството во кое припаѓаме
3. Информациите се во конфликт со личните убедувања
4. Информацијата не е пренесена на начинот на кој му одговара на соговорникот
Колку гордо да кажуваме дека сме логични суштества, реалноста е дека со луѓето владеат социјалните групи, емоциите и инстинктите. Оние кои се занимаваат со наука и оние кои ја поддржуваат мора да го земат ова во обѕир.
Добрата вест е дека иако довербата во науката е опадната, сепак вербата во научните резултати е уште на релативно високо ниво во однос на другите извори на информации.
извор: kajgana