Постојат многу работи што можете да ги правите под туш, а кои не вклучуваат туширање. Но, пред да ја пуштите вашата имагинација, ќе ви откриеме една од работите што луѓето сè почесто ги прават под туш, што стана исклучително популарно на TikTok. Станува збор за јадење портокал додека се туширате.
На TikTok има видеа што е тешко да се заобиколат, а чија водечка тема е грижата за намалување на стресот.
Имено, трендот на јадење портокали под туш започна, и колку и да изгледа чудно, со текот на времето ќе гледате сѐ повеќе луѓе на TikTok како велат:
„Ако досега не сте јаделе портокал под туш, тогаш треба да пробате што побрзо!“, „Ова е официјално мојата нова омилена работа“, „Станав друга личност откако почнав да јадам портокали под туш“…
@lifewjan rumor has it 🍊 #orange #showertok #showerroutine #mentalhealth #anxiety #shower #lifehacks #lifehack #lifetips ♬ Trailer Park Boyz – NOAH
А, еве за што се работи.
Портокалот и водената пареа овозможуваат идеална релаксација. Сепак, секој цитрус во комбинација со купка полна со водена пареа пружа вистинско задоволство и релаксација.
Оние што го практикуваат ова велат дека топлината на туширањето го засилува мирисот и вкусот на портокалот, што влијае на подобрување на вашето расположение.
Оваа секојдневна рустина со едно овошје може да се претвори во вистинско уживање и релаксација, а повеќето ги потсетува на додавање миризливо масло кога се во сауна.
@au.stino Replying to @rxskiii oranges are just better eaten this way. #HolidayOREOke #oranges #fyp #relatable #foryou #explore #seekdiscomfort ♬ JD Agri Photography – Jack📸🚜
„Мирисот е навистина моќен начин да влијаеме на нашите емоции – конкретно, цитрусот дава енергија, го подобрува расположението и го намалува стресот. Една работа што може да биде добра комбинација за зголемување на енергијата е да се излади водата во последен момент од туширањето за да се искористи ладниот туш или ладното нуркање, кои го намалуваат стресот со помош на енергија и релаксирачката кора од портокал на почетокот на тушот кога е топло“, велат експертите.