Ограничувањето на количеството течност што можете да го внесете во авион беше воведено во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор кој вклучуваше активирање течен експлозив.
Регулативата која дозволува внесување на само 100 милитри течности, гелови и аеросоли беше воведена во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор за активирање течен експлозив во седум патнички авиони кои патуваа од ОК за САД и Канада.
Наводно, Британецот од Бирмингем, Ахмед Али, посредувал во врската меѓу заговорниците и Ал Каеда. Полицијата во неговиот багаж пронашла безалкохолен пијалок во прав Танг и голем број батерии, што предизвикало тревога кај надлежните.
Подоцна беше откриено дека виновниците конструирале уреди слични на бомба од шишиња со пијалоци, кои потоа планирале да ги активираат во авионот.
Набргу потоа беа воведени и ограничувања за течности за рачен багаж, со неколку исклучоци како што е храната за бебиња, која патниците мораа да ја вкусат пред да ја однесат во авионот.
После тоа, одредено време имаше целосна забрана за внесување течности во авионот, но подоцна беше поставена граница од 100 ml на дозволената количина течност.
Ограничувањето на течностите е воведено токму затоа што е тешка задача да се испитаат течностите и да се утврди дали тие се закана.
Сепак, постојат голем број отстапки за оваа граница, кои вклучуваат лекови на рецепт, течности за одржување на животот и формула за доенчиња. Исто така, се развиваат нови технологии за попрецизно прегледување на течностите на аеродромите и за справување со ограничувањата.