Климатските промени и глобалното затоплување најверојатно се главната причина зошто се уште не се случила масовна средба меѓу вонземјаните и луѓето, се вели во научна статија објавена во списанието „Астробајолоџи“.
– Законите на физиката велат дека една млада технолошка цивилизација како нашата, ќе влијае на животот на планетата, додека е во развој. Климатските промени во тој случај стануваат значаен вселенски фактор, особено во однос на веројатноста за опстанок на цивилизацијата и ќе ни помогне да спознаеме како ние на Земјата да се справиме со тие промени, истакнува Адам Френк од Универезитетот на Рочестер.
Пред повеќе од половина век американскиот астроном Франк Дрејк пронашол алгоритам за проценка на бројот на цивилизации во нашата галаксија, со коишто е можен контакт. Физичарот Енрико Ферми пак, неприфаќајќи ја тезата дека не сме сами во Вселената, го постави својот „парадокс на Ферми“, кој вели: ако вонземските цивилизации се толку многу, зошто човештвото не гледа никакви траги од нив?
Една од најпознатите теории како одговор на ова прашање, е „уникатна планета“, којашто вели дека за појавувањето на интелигентни суштества од други светови, мора да има посебни, „уникатни услови“.
Други пак, сметаат дека не можеме да се поврземе со вонземните цивилизации поради тоа што тие или исчезнуваат многу брзо за да ги забележиме, или пак, активно го кријат фактот дека ги има, се кријат од самите нас.
(Миа)