четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Почна изградба на конзоли од штипскиот плоштад „Слобода“ до хотелот Оаза

Почна изградба на конзоли од штипскиот плоштад „Слобода“ до хотелот Оаза

Продолжува изградбата на конзолите на реката Отиња на штипската улица „Маршал Тито“ на потегот од хотелот „Оаза“ до Градскиот плоштад „Слобода“, истакнаа на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски. Градоначалникот, Јорданов рече дека ова е централно градско подрачје, каде има и најголема фреквенција од сообраќај,а целта е да се прошири улицата, но и да се зголеми бројот на паркинг места.

-Знаете дека во изминатиот период во комуникација со пратеникот, Никола Мицевски поднесовме амнадман за финансирање на овој потег за изградба на конзоли и благодарение на поднесениот амнадман обезбедени се пет милиони денари, коишто веднаш почнавме да ги инвестираме и реализираме, а дополнително 2,5 милиони денари од буџетот на Општина Штип се издвоени за реализација на овој проект, вели Јорданов.

Тој забележа дека проектот изградба на пешачки конзоли на река Отиња не застанува, туку со 15 милиони денари ќе се градат конзолите од Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ до судската зграда, а наредниот период ќе почне постапката за тендирање за реализација на овој потег. Планирано е изградба на велосипедска патека, како и промена на канделабриите од двете страни на реката Отиња.

Повеќе од 25 милиони денари се инвестирани во конзолите на реката Отиња, со цел да се прошират улиците „Васил Главинов“ и „Маршал Тито“ во централниот дел на градот.

Пратеникот, Мицевски истакна дека со изгардбата на конозолите на реката Отиња градот добива нов лик, но и и се решава сообраќајниот хаос.

-Ова се средства, коишто се обезбедени од амнадман, побаран од моја страна. Морам да потенцирам дека тоа е од централниот буџет, заборавени средства коишто не беа вметнати. Задоволен сум што успеваме секоја година од буџетот и од ребалнсите да добиваме одредени, конкретни средства, како за заштитна ограда на Отиња, така и за изградба на конзоли, вели Мицевски.

Тој истакна дека во тек е планирање на буџетот за 2024 година и повторно ќе побара средства за реализација на инфраструктурни проекти во Општина Штип. (МИА)