вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

„СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат“

„СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат“

СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС ја ветуваше прeчистителната станица во Демир Капија како едно од главните ветувања, неколку години подоцна ни трага ни глас. Демир Капија е лоцирана во непосредна близина на прометниот коридор 10, и со години СДС ветува автобуска станица, и никако да исполни, лага до лага. Не само што не можат да ги исполнат крупните ветувања, не можат да реализираат ниту одбележување на пешачки премини како што треба, па дури и сообраќајните знаци низ градот не се соодветно поставени. СДС и Петров ветија изградба на на спортско игралиште во Демир Капија, и не исполнија“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Демир Капија со СДС и градоначалникот Петров тоне. Нема проекти, нема иднина за граѓаните, но затоа роднините на функционерите профитираат на се. Наместо да реализира некој проект, директорката на основното училиште поставена од СДС и Петров дала на сопствениот сопруг да постави кафемат во училиштето со кое раководи, тоа е СДС да профитираат секаде каде можат, па и на кафемати во училишта.