вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Пиноче како вампир во црна комедија на Нетфликс

Пиноче како вампир во црна комедија на Нетфликс

Нетфликс ја објави црната комедија „Гроф“ (El Conde) на чилеанскиот режисер Пабло Ларaин. Во филмот, диктаторот Августо Пиноче е претставен како вампир од ерата на Барокот, кој сè уште е жив, но самиот решава да умре.

Ова е всушност четврти филм на Ларaин за Пиноче – по „Тони Манеро“, „Пост мортем“ и „Не“, но официјално не се смета за дел од таа трилогија. Во „Гроф“ дејството е префрлено во „царството на натприродното“. Пиноче тука е вампир, Французин кој живеел уште пред Француската револуција.

Пиноче (го глуми Хаиме Вадел) е жив и се крие во тајна куќа, но веќе умира – тажен за тоа како испаднало сѐ во животот…

Занимливо е тоа што филмот го има истото име како комедијата на Чарли Чаплин – „Грофот“ (1916), но всушност, на некој начин го следи стилот на друга сатира – „Големиот диктатор“ (1940). Просечната оценка за новиот филм на ИМДБ засега е 6,5 /10, од вкупно над 5.300 гледачи кои го оцениле филмот.