среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

ФОТО: Анџелина Џоли во биографски филм за Марија Калас

ФОТО: Анџелина Џоли во биографски филм за Марија Калас

Анџелина Џоли снима биографски филм за славната певица Марија Калас, па на интернет се појавија фотографии од снимањето во Париз, Франција.

На сликите, Џоли во насловната улога на филмот „Марија“ ги носи омилените модни парчиња на Калас – плетени џемпери, тркалезни, топчести мотиви и луксузна облека. А пак, обожавателите и следачите постојано коментираат дека оскаровката изгледа речиси „непрепознатливо“ во нејзината нова улога, пишува „Јаху“.

По освојувањето на посакуваната улога, Џоли изјави дека оваа улога ја сфаќа сериозно и одговорно, зашто се работи за животот и наследството на Калас.

– Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Можноста да раскажам повеќе од приказната за Марија, со него, и со сценариото на Стивен Најт, е сон за мене, истакна Џоли.

Претстојниот филм, според првичните информации, се сосредоточува на турбулентниот живот на легендарната грчко-американска оперска дива во 1970-тите. Снимањето сѐ уште е во почетна фаза, а киноприкажувањата се закажани за 2024 година.