среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Анџелина Џоли за животот по разводот од Бред Пит: Ни требаше долго време да се опоравиме

Анџелина Џоли за животот по разводот од Бред Пит: Ни требаше долго време да се опоравиме

Анџелина Џоли во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за својот приватен живот и за бизнисот што го започнала.

-Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Ме спаси тоа што имав деца. Мислам дека ќе се свртев кон многу помрачна страна од животот да не сакав да им се посветам. Тие се подобри од мене токму затоа што сакам тоа да бидат, рече таа.

Анџелина и Бред Пит објавија дека се разведуваат во 2016 година. Тие имаат шест деца: Медокс (22), Пакс (18), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15). Анџелина во интервјуто напоменува дека и на 48 години се уште се труди да се пронајде.

-Во последните десет години се чувствувам изгубено. Не сакам да откривам многу детали за ова, изјавила таа и накратко се осврнала на животот на семејството по разводот со Бред Пит.

-Ни требаше долго време да се опоравиме. Се уште се обидуваме да застанеме на нозе, рече таа.

Таа неодамна лансираше моден бренд наречен Atelier Jolie.

-Не сакам да бидам моден дизајнер, туку да изградам компанија каде што другите луѓе ќе можат да станат дизајнери. Се надевам дека ќе променам многу аспекти од мојот живот, а ова е само еден од нив, рече таа.

Најнови вести