сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Легендарната Мерил Стрип (74) се разведува по 45 години: Ова долго го криела од јавноста!

Легендарната Мерил Стрип (74) се разведува по 45 години: Ова долго го криела од јавноста!

Познатата актерка стави точка на бракот со две години постариот сопруг.

Легендарната актерка Мерил Стрип (74) по четири ипол децении се разведува од сопругот Дон Гамер (76).

Двајцата решија да дадат заедничка изјава за медиумите каде открија дека веќе шест години живеат одвоено, но дека ќе продолжат да се грижат еден за друг, објави „Пејџ шест“.

Мерил и Дон, кои се венчаа во 1978 година и имаат четири деца, последен пат беа видени заедно на доделувањето на Оскарите во 2018 година. Тие се запознале по смртта на Џон Касел, со кој актерката била долги години, кој починал од рак на белите дробови.

Кон крајот на седумдесеттите, оскаровката за „People“ изјавила дека смртта на Џон ќе ја следи до крајот на животот.

– Неговата смрт ме натера да се соочам со конечноста и дека и јас ќе умрам порано или подоцна. После тоа почнав да гледам на се поинаку, изјавила тогаш Мерил.

Најнови вести