вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чавков, Јовановски и Дурловски остануваат во притвор

Чавков, Јовановски и Дурловски остануваат во притвор

Апелациониот суд Скопје, по одржаните седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, пренесе Макфакс.

Одлуката да останат во притвор важи за Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски.

Најнови вести