понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум

Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум

Уставниот суд на Република Македонија на 21-та седница закажана за 19 септември (среда) со почеток во 9.30 часот ќе ги разгледува иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум бр.08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 140/2018).

Доколку Уставниот суд ја прифати иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес, може да ја поништи Одлуката за распишување на референдум веднаш или да донесе времена мерка до одлучување, со што се суспендираат сите поединечни дејствија и акти со цел, а заради спречување на штетните последици по Буџетот и даночните обврзници, правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата.
Иницијаторите се надеваат дека референдумот нема да се одржи бидејќи, според нив Одлуката е спротивна на Уставот и Законот за референдум.

Најнови вести